Внимание! Денес е петок, тринаесетти! Два знака во сериозен проблем: Едниот е без пари, а другиот на љубовен ролеркостер (фото)

Како се чувствувате на петок тринаесетти? Дали се плашите или не ви е грижа? Многумина веруваат дека тоа носи негативно влијание врз животите, но кога станува збор за астрологијата, постојат два хороскопски знаци кои треба да бидат претпазливи. Финансиската состојба и емоциите ќе бидат на удар, а еве за што станува збор:

БИК

Ако сте родени во знакот Бик, треба да се грижите за вашите финансии. Астролозите велат дека постои голема веројатност денес да го почувствувате одливот на пари, што е најмалку потребно во моментов. Совет е да бидете внимателни во сè што е поврзано со финансиите – расфрлање со пари, големи инвестиции, трансакции со пари. Вечерните часови можат да ви донесат уште некои непотребни трошоци. Обидете се да заштедите и да „преживеете“ денес со помал буџет.

СТРЕЛЕЦ

Петок 13-ти е најголемиот „измамник“ за луѓето родени во знакот Стрелец. Ако сте меѓу нив, веројатно ви се чини дека денешниот ден започна во најдобар ред и дека сè е под контрола. Веќе во средината на денот ќе се случат промени кои не ја носат позитивната страна. Треба да се грижите за ризични ситуации и разнишани емоции. Пазете се од избрзани реакции, тие можат скапо да ве чинат. Совет е денот да го поминете што повеќе во мир. Во ред е ако чувствувате потреба да се изолирате.