Во четвртфиналето на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн, видовме ужасна сцена во која Џамал Мусијала заработи скршеница на ногата.
Младата ѕвезда на Баерн, воедно и најскапиот играч на тимот, доживеа ужасна повреда во последните секунди од првата половина од четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Мачејќи се да ја добие топката во противничкиот шеснаесетник, Мусијала беше соборен одзади од голманот Џанлуиџи Донарума. Немаше намера, но италијанскиот голман беше невнимателен и со сета своја тежина падна на ногата на Мусијала.
Следеа ужасни сцени, и ако може да се верува во она што го видоа сите гледачи, Мусијала доживеа тешка фрактура на ногата.
Самиот Донарума се расплака откако виде што му направи на противникот, а ситуацијата беше тешка за сите играчи.
Првото полувреме од натпреварот заврши без голови. На крајот од полувремето, голот на Дајот Упамекан беше поништен поради офсајд.
Бидејќи првото полувреме заврши веднаш, замената се чекаше до 46-тата минута. Потоа Винсент Компани го внесе Серж Гнабри во игра.