Вознемирувачко видео од војната! Ров погоден од термобаричен проектил, војниците зафатени во огнен облак: Останаа само пеплосаните тела

Нова страшна сцена снимена на фронтот во Украина!

На вознемирувачкото видео, кое на Телеграм го објавија некои руски воени блогери, може да се видат јагленисани тела на војници чија позиција претходно била погодена од пламенофрлачи.

– По „шмељот“ останаа само јагленосаните тела на украинските милитанти. Војниците на јуришните единици на групата „Центар“ ги прегледуваат позициите заземени од непријателот кој ги нападнал со ракетен пламен фрлач – објаснува телеграмскиот канал Вор Гонзо.

Засега не е познато каде е направена снимката.

Реактивниот пешадиски пламен фрлач „шмељ“ или „бумбар“ на македонск7 може да погоди цели до 800 метри, иако е најсмртоносен во урбани услови и на релативно кратки растојанија.

Се користи еднаш.

Има термобарична боева глава која користи комбинација од експлозиви и многу запаливи погони. Кога проектилот ќе ја погоди целта, смесата се шири низ воздухот како спреј, а потоа се запали и експлодира.

Огнениот облак може да биде висок до 7 метри.