Волц: Трамп е многу фрустриран од претседателот Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп е „многу, многу фрустриран во моментов“ од украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, во услови на продлабочување на поделбите меѓу администрацијата на Трамп и Киев.

Волц истакна дека Трамп е разочаран што Зеленски не дошол на преговарачката маса и не сакал да ја искористи шансата.

„Тој на крајот ќе дојде до таа точка, и се надевам дека ќе сака, многу брзо, но претседателот Трамп, како што јасно им кажавме на нашите руски колеги, и што сакам да го расчистам денес, тој е фокусиран на запирање на борбите и придвижување напред, а би можеле цел ден да се расправаме за она што се случило во минатото“, рече Волц.