Војаж повторно ѝ одговори на Карлеуша: „Сличноста помеѓу твојот последен албум и тоалетна школка е содржината“

Српскиот рапер Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, се огласи на социјалните мрежи откако Јелена Карлеуша продолжи да го навредува преку нејзините објави.

Клучната причина за нивниот конфликт е тоа што Војаж ги поддржуваше студентите што протестираа во Србија.

Во една од објавите на Твитер, Карлеуша напиша: „Мојата WC школка е поинтелигентна од Бламејџ“.

Војаж одговори на оваа објава: „Драга Јелена, само гледам што твиташе и не можам да поверувам. Навистина ти треба стручна помош, остави ме на мира. Сепак, постои една сличност помеѓу твојот последен албум и таа тоалетна тоалетна школка, а тоа е содржината.“

За потсетување, Карлеуша неодамна го нарече „Војаж“ бројни погрдни имиња и го обвини дека зема пари од народот и државата за концертот.