Во Албанија се одржа антивладин протест

Протестот пред Парламентот на Албанија беше организиран додека се одржуваше парламентарната седница, а беа забележани помали инциденти, бидејќи демонстрантите запалија и фрлаа факели.

 Во Албанија повторно се одржа антивладин протест на повик на најголемата опозициска партија во земјата, Демократската партија на Албанија (ПД), како и со поддршка на други опозициски партии.

Протестот пред Парламентот на Албанија беше организиран додека се одржуваше парламентарната седница, а беа забележани помали инциденти, бидејќи демонстрантите запалија и фрлаа факели.

Според организаторите, протестот се одржа за заштита на „демократијата, плурализмот и слободата на глас“, а меѓу учесниците беа и лидери на опозициски партии, пратеници и активисти.

Опозициските партии го обвинуваат премиерот на Албанија, Еди Рама, за поврзаност и корупција со поранешниот агент на ФБИ, Чарлс Мекгонигал.

Поранешниот премиер на Албанија и пратеник на ДП, Сали Бериша, во својот говор на протестот рече дека на 3 март ќе се одржи национален протест.

„Револуцијата маршира и денеска пред Парламентот, нашите пратеници во салата, граѓаните на протест, ги дадоа најмоќните пораки во кои се бара отстранување на Еди Рама“, рече Бериша.

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на опозициската партија, Партијата на слободата, Илир Мета, нагласи дека протестот наскоро ќе ги даде своите резултати.

Потсетуваме, на 11 и 13 февруари во Тирана се одржаа антивладини протести.