Во Бања Лука е убиен Дејан Костиќ Дела – водач на моќна навивачка група

Во Бања Лука вечерва во близина на ресторанот Стара Ада е убиен Дејан Костиќ Дела, водачот на навивачите на Борац, попознати како Мршојадци.

Како што јавува АТВ, силни полициски сили се насекаде околу ресторанот каде што тој беше убиен, а во еден момент во објектот беше донесен маж со лисици на рацете.

,,Независне новине” објави дека на терен се и специјалци.

Полицијата го запира секое возило во близина на ресторанот и ги идентификува возачите.