Во израелското бомбардирање на Газа загинаа најмалку 45 Палестинци, голем број повредени

– Израелската војска рано утрово изврши напади врз неколку делови од блокираниот Појас Газа, при што загинаа најмалку 45 Палестинци, а поголем број се повредени.

За време на израелското бомбардирање во Ал-Фухари во јужниот град Хан Јунис, загинати се 11 лица, а повеќемина се повредени, објави палестинската државна новинска агенција Вафа.

Исто така, во израелски напад на палестински дом во градот Рафа, во јужниот дел на Газа, загинаа најмалку 20 лица.

Во бомбардирањето на бегалскиот камп Ал-Шабура во Рафа има загинати и повредени, иако точниот број сѐ уште не е утврден.

Израел изврши напад и врз бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа.

Во воздушните напади чија цел беше џамијата во кампот заедно со најмалку две куќи, загинаа 14 лица.