Во рок од два дена, над 12 проценти од граѓаните се имунизирани против сезонски грип

Во рок од два дена од почетокот на вакцинацијата, над 12 проценти од граѓаните се имунизирани против сезонски грип. Министерот за здравство, Азир Алиу, објави дека годинава се обезбедени 80 илјади дози вакцини, додека досега околу 50 илјади лица поднеле барање за вакцинација, што покажува за големиот интерес на населението за заштита од грип во текот на зимската сезона.

Ризичните групи, лицата над 65 години, бремените жени и децата од шест месеци до пет години имаат право на вакцинација.

„Досега, информациите се дека преку vakcinacija.mk се регистрирани 49.350 граѓани. Се надевам дека во рок од два дена ќе се достигне бројката од 80.000 граѓани кои ќе бидат спречени од сезонски грип. Денес, додека доаѓав тука, добив информација дека 12 проценти од овој број веќе се вакцинирани во текот на вчерашниот ден и завчерашниот ден, односно два работни часа“, рече Азир Алиу.