Во Сенегал, овците „ладум“ се продаваат по цена на луксузни автомобили

– За време на саемот во Мбур, кој се наоѓа на 100 километри од главниот град на Сенегал, Дакар, овците „ладум“ се продаваат по цена од 90.000 долари.

Овцата позната и како „крал на овците“ со години се продава по цени кои ги надминуваат цените на луксузните автомобили, а за населението во Сенегал оваа раса е „повеќе од овца“.

Оваа раса е мешавина на „тубеир“ од Мавританија и „балибали“ од Мали.

Со висина од 1,5 метри и тежина од околу 170 килограми, „ладум“ повеќе личи на мал коњ отколку на овца, и се смета за знак на престиж во Западна Африка.

На саемот, пред големиот муслимански празник Курбан бајрам, на купувачите им се нудат овци од оваа раса со различни бои и карактеристики.

За разлика од останатите овци и овни, оваа раса не се коле на пазари, туку во специјално подготвени комфорни простории.

Покрај тоа, „ладум“ се користи за размножување, за разубавување на други раси. Речиси во сите региони на Сенегал се одржуваат различни натпревари за избор на најубавиот „ладум“.