„Во Србија владее НАЦИОНАЛИЗМОТ, а Ѓоковиќ е нивниот месија! Најголемиот критичар на Новак повторно удри по српскиот тенисер

Дури и оние кои јавно признаваат дека не им се допаѓа Новак Ѓоковиќ, сепак зборуваат за него. Тоа го направи и американскиот новинар Бен Ротенберг, кој и покрај тоа што не му беше наклонет на српскиот тенисер, привлече внимание дека луѓето често ги мешаат работите.

Многу се расправа за односот на Новак со навивачите, а Американецот го привлече вниманието на тоа дека не треба да се гледа на тој начин како што се прави, односно да не се зголемува тензијата.

– Новак Ѓоковиќ е многу приврзан за својата татковина и фановите, тоа не е нешто што го научивме денес. Ноле има многу силна врска со српскиот народ и знаеме колку национализмот преовладува во тие краишта. Мислам дека ниту еден тенисер никогаш не бил врзан за својата земја како Ѓоковиќ – рече тој.

„Тој е месијата во Србија“

Според неговото мислење, луѓето во Србија се сочувствителни кон Новак бидејќи тој ги „спасил од заборав“, а неговиот однос со нив честопати непотребно се става во негативен контекст.

 Тој е речиси како месија во Србија, откако стана еден од најголемите тенисери на сите времиња. За многумина Ѓоковиќ е тој што ја спаси Србија од заборав. Ова чувство придонесува за тоа дека климата е секогаш напната. Од моја гледна точка, би било препорачливо да се намали температурата што е можно повеќе. Зборуваме за спорт – заклучи Ротенберг.

По освојувањето на Австралија опен, Новак се врати на првото место на АТП листата.

Според сегашните правила, тој нема да може да игра на претстојните турнири во САД, во Индијан Велс и Синсинати.