Парламентарните избори на 11 јуни ќе бидат дванаесетти од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а шести по обновата на независноста.
Во Црна Гора владее изборен молк во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат утре.
Парламентарните избори на 11 јуни ќе бидат дванаесетти од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а шести по обновата на независноста.
На парламентарните избори ќе учествуваат 15 листи.
Како што е одлучено со ждрепка, на гласачкото ливче прва ќе биде „Јасно е! – Бошњачката партија – м-р Ервин Ибрахимовиќ“, втора „ХГИ – На вистинската страна на светот!“, а трета „Правда за сите!“ – д-р Владимир Лепосавиќ“.
Листата на коалицијата на Социјалистичката народна партија и Демос „За тебе“ ќе биде на четврто место додека на петто е коалицијата што ја сочинуваат Вистинска Црна Гора, Демохристијанското движење, Слободна Црна Гора, Демократската српска партија и Движењето за Пљевља под називот „Народна коалиција – сложно и точка“.
На шесто место на листата е Албанската алијанса, коалиција составена од Форца, Демократскиот сојуз, Демократскиот сојуз на Црна Гора и граѓанската група Движење за Тузи, а потоа следуваат листата „Пресврт за сигурна Црна Гора – Срѓан Периќ“ и „Движење за промени – Прво Црна Гора – Небојша Медојевиќ – Реформи за спас на земјата“.
На гласачкото ливче „Да. Ние можеме за граѓанска Црна Гора!“ е на деветто место, а на десетто е коалицијата составена од Демократската партија на социјалистите, социјалдемократите, Демократската унија на Албанците и Либералната партија – „Заедно! За иднината што ти припаѓа – Данијел Живковиќ“.
„Европа сега – Милојко Спајиќ“ е на 11. место на гласачкото ливче, потоа следуваат „СДП – За нашата куќа“, па коалицијата на Граѓанското движење УРА и Демократите „Алекса и Дритан – Храбро се брои !“.
На 14. место на гласачкото ливче е коалицијата на Нова српска демократија, Демократската народна партија и Работничката партија „За иднината на Црна Гора“, а на 15. место Албанскиот форум, кој го сочинуваат Албанска алтернатива, Демократскиот сојуз на Албанците и Националната унија на Албанците, под називот „Албански форум – Ник Ѓелошај ‘БЕСА за европски развој’“.
Право на глас на парламентарните избори имаат 542.468 граѓани.
Избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.