Вперил пиштол во Кадиров – и останал жив: „Рамзан се смееше“

Необична приказна во јавноста откри поранешниот аргентински фудбалер Хектор Бракамонте. Напаѓачот, кој во помладите категории беше голема надеж на Бока Јуниорс, три години играше во Русија и таму доживеа неверојатни авантури.

Додека беше член на клубот Терек од Грозни во 2009 година, денес тој тим се вика Ахмат, Хектор Бракамонте (46) имаше интересна средба со првиот човек на Чеченија, Рамзан Кадиров, голем вљубеник во боречките вештини, но и фудбалот.

-Кога пристигнав во Грозни, веднаш ме однесоа во резиденцијата на почесниот претседател на клубот и прв човек на Чеченија, Рамзан Кадиров. Разговаравме и потоа излеговме надвор. Кадиров влезе во мерцедесот, јас бев до него. Имаше телохранител одзади.

Рамзан почна да вози како Михаел Шумахер. На сред пат под седиштето извадил нешто обложено со дијаманти. Тоа беше автоматски пиштол! Кадиров ми го предаде. Не знаејќи што да правам, го ставив прстот на чкрапалото и почнав да нишам… Кон Кадиров – се присети Аргентинецот во интервју за „Совспорт“ пред десетина години.

Потоа се случи нешто што не го очекуваше, телохранителот ја подигна цевката од автоматот и го впери кон Аргентинецот, кој се зачудил.

– Никој нема право да го таргетира претседателот!

-Дали е реално – праша Бракамонте мислејќи на дијамантскиот пиштол и продолжи:

-Сето тоа време Рамзан не престана да се смешка. Ја отворил касетата во автомобилот во која имало неколку списанија и покажал на патроните. Тогаш му реков дека можев да го застрелам. И, тој се сврте и ме праша: „А кој би ти платил?“. Почнавме да се смееме. Но, знам дека ако случајно испукав куршум, дури ни Рамбо немаше да излезе жив од таа кола.

На прашањето што уште го изненади кај шефот на Чеченија, Бракамонте одговори:

-Рамзан е таков лик! Сега има 36 години, но со 28 години стана највлијателната личност на Кавказ. Ексцентричен, мултимилионер. Тој има неверојатна резиденција, своја зоолошка градина – подобра од Москва, море од скапи автомобили, дури и авион и колона од 15 автомобили што го следат насекаде. Кадиров вози со огромна брзина. Останатите одат напред, расчистувајќи го патот.

Инаку, Хектор Бракамонте за клубот од Грозни одигра 37 натпревари и постигна четири гола. Пред да дојде во Чеченија играше за Москва, а потоа и за Ростов. По завршувањето на кариерата остана во фудбалот, имаше своја академија, а работеше и со помладите категории во Бока Јуниорс.

Денеска е тренер во Уругвај, каде го предводи тимот на Серо Ларго.