Објавен е трејлерот за филмот „Jeanne du Barry“ во кој главната улога ја толкува Џони Деп.
Публиката е воодушевена
Неговата публика е воодушевена, бидејќи Деп не е виден на големото платно од судскиот процес за клевета против неговата поранешна партнерка Амбер Херд (Херд).
Во филмот „Jeanne du Barry“ Деп го толкува ликот на Луј XV.
Жена од работничката класа
Филмот ја следи приказната за една млада работничка жена која е гладна за култура и задоволство и ја користи својата интелигенција и привлечност за да се искачи на социјалната скала.