Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла или ниска облачност по котлините.
На запад од земјава од пладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планинските подрачја од снег.
Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, додека во правец на Вардарската долина повремено ќе дува засилен ветер главно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, додека максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје од пладневните часови времето ќе биде просечно и облачно со услови за кратки врнежи од дожд во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушти до -2, додека максималната ќе достигне до 7 степени.