„Време е да се воведе еврото“

Претседателот на Чешката Република Петр Павел го искористи своето прво обраќање по преземањето на функцијата за да повика на воведување на еврото во Чешка.

„Дојде време да се започне со преземање конкретни чекори кои ќе доведат до исполнување на оваа обврска“, рече тој, пренесуваат агенциите.

За централната европска земја со отворена, извозно ориентирана економија, заедничката валута е „логична иднина“, рече тој.

Поранешниот началник на Генералштабот на вооружените сили, Павел е на чело на оваа членка на ЕУ и НАТО со околу 10,8 милиони жители од март 2023 година.

Чешката Република има своја валута, круната. Прага вети дека ќе го усвои еврото кога се приклучи на Европската унија пред речиси 20 години, но за тоа не е поставена конкретна временска рамка. Либерално-конзервативната влада, предводена од премиерот Петр Фијала, се уште не успеала да се договори за датумот на воведување на еврото, пишува Индекс.

Меѓутоа, со промената на законот што стапи на сила на крајот на годината им се овозможува на компаниите кои најголемиот дел од прометот го остваруваат во евра да ги чуваат сметките во таа валута. Од чешката стопанска комора велат дека многу големи компании и онака веќе си испраќаат фактури во евра.