ВРХОВНИОТ ВОДАЧ НА ИРАН ДОДАВА “БЕНЗИН НА ОГНОТ“ – Упати важен повик до исламските земји

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека и покрај масовните бомбардирања во Појасот Газа, израелските сили не се во состојба да го уништат Хамас по 40 дена и оцени дека бруталното бомбардирање на болници, жени и деца во Појасот Газа е знак на екстремна нервоза на лидерите на Израелскиот „режим“ поради пораз.

Тој ги повика исламските влади да ги прекинат политичките врски со Израел.

Поразот на ционистичкиот режим во Појасот Газа е факт, а влегувањето во болници или во домовите на луѓето не е напредок и победа, бидејќи победата значи пораз на другата страна, во што ционистичкиот режим досега не успеа и нема да бидат способни да успеат во иднина“, нагласи тој.

Али Хамнеи вели дека неуспехот на Израел значи и неуспех на Соединетите Американски Држави и западните земји, како и дека целиот свет е соочен со фактот дека земја со напредна воена инфраструктура и опрема не може да го победи противникот кој нема ништо од овие.

Тој ги повика исламските влади да ги прекинат политичките врски со Израел барем на ограничен период.