Гвардиола верува во одбрана на титулата: Ако играме како против Ливерпул и Тотенхем, повторно ќе бидеме први

0

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека има чувство дека неговиот тим ќе ја брани титулата во Премиер лигата.

„ Моето чувство денес е дека ќе ја освоиме Премиер лигата. Ако играме како против Ливерпул и Тотенхем, повторно ќе бидеме први“, изјави Гвардиола.

Бранителот на титулата ремизираше на последните три натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на третото место на табелата.

,,Луѓето не веруваат во титулата веќе по три реми, но чувствувам дека повторно ќе бидеме први, знаејќи дека не е лесно”, додаде Гвардиола.

Во следното коло Сити гостува кај Астон Вила.