Гвардиола го промени имиџот: Шпанецот ја избричи брадата и остави само мустаќи (фото)

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги изненади навивачите со нов изглед за време на летната пауза по напорната и разочарувачка претходна сезона.

Сити ја заврши сезоната со пораз во полуфиналето на Светското клупско првенство, каде што загубија со 4-3 од Саудиски Ал-Хилал по продолженијата. После тоа, Гвардиола и неговиот тренерски штаб ја искористија кратката пауза за да се опорават и регенерираат.

Шпанскиот тренер беше виден деновиве во Барселона, каде што ја посети клиниката „Монарка“, специјализирана за регенеративни третмани и високо ефикасно закрепнување на спортисти. Токму тука навивачите го забележаа неговиот изненадувачки нов изглед – Гвардиола ја избричи брадата и остави само мустаќи.

Гвардиола си ја избричи брадата и пушти мустаќи (Фото: Инстаграм)

Гвардиола си ја избричи брадата и пушти мустаќи (Фото: Инстаграм)

Новиот изглед на некои им потсети и на неговиот комплимент од 2021 година, кога ги пофали мустаќите на новинарот на „ТНТ Спортс“, Фред Калдеира, на прес-конференција.

„Навистина ми се допаѓаат твоите мустаќи, Фред. Толку си привлечен и секси“, му рече Пеп на новинар на ТНТ Спортс.

Инаку, посетата на Гвардиола на клиниката „Монарка“ доаѓа еден месец откако беше објавено дека тој самиот инвестирал во овој објект, кој го води неврохирургот Миреја Илуека – експерт за болка и минимално инвазивни процедури. Гвардиола претходно имал хронични проблеми со грбот, кои оваа клиника помогнала да се ублажат.

Откако ја обиколи својата инвестиција, Гвардиола се враќа во Англија за да го преземе тимот пред почетокот на подготовките за новата сезона. Досега, Сити има закажано само еден подготвителен натпревар – на 9 август против италијанскиот тим Палермо.

Сезоната во Премиер лигата за „Граѓаните“ започнува на 16 август кога ќе гостуваат кај Вулверхемптон.