Германија: Католичката црква ќе плати повеќе од 40 милиони евра на жртвите на сексуална злоупотреба

Ќе им биде исплатена отштета на повеќе од 1.800 луѓе кои пријавиле малтретирање или злоупотреба во католичките цркви во последните две години.

Католичката црква во Германија ќе плати над 40 милиони евра отштета на жртвите на сексуална злоупотреба и вознемирување, јавува Анадолија.

Независната комисија (УКА) соопшти дека ќе им биде исплатена компензација на повеќе од 1.800 луѓе кои пријавиле малтретирање или злоупотреба во католичките цркви во последните две години.

Просечниот износ на компензација по жртва ќе биде околу 22.500 евра, се додава.

Во извештајот се посочува и дека три од четирите жртви се момчиња, а повеќето пријави се од градовите Келн и Мунстер во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.