Германија прифаќа околу педесет Авганистанци кои им помогнаа во мисијата

Група од околу педесет Авганистанци кои му помагаа на Бундесверот за време на мисијата во Авганистан, и покрај отпорот на сегашната германска влада, денес пристигнува во Германија.

Околу 50 авганистански државјани на кои им беше ветен азил во Германија откако Талибанците дојдоа на власт, бидејќи му помогнале на Бундесверот за време на мисијата во таа земја, се наоѓаат во авион на линијата Исламабад-Хановер, јавуваат германските медиуми, повикувајќи се на извори во Пакистан.

Станува збор за лица кои го добиле правото да одат во Германија пред германските судови. Судовите ја донеле оваа одлука и поради фактот што пакистанските власти почнале да ги депортираат авганистанските државјани кои чекаат во Пакистан повеќе од една година да одат во Германија, а со тоа им се одземаат патни исправи.

Азил им е ветен и на активистите за човекови права.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека Пакистан веќе протерал околу 200 од 2.000 Авганистанци кои чекаат трансфер во Германија.

Моментално во Пакистан има околу 2.000 авганистански државјани на кои Германија им вети азил откако Талибанците дојдоа на власт поради нивната работа за германските институции за време на мисијата во Авганистан, под претпоставка дека овие помагачи, претежно преведувачи, ќе бидат нападнати од Талибанците.

Покрај тоа, азил во Германија им е ветен на истакнати борци за човекови права на кои им се заканува прогон во Авганистан. Новата германска влада предводена од канцеларот Фридрих Мерц, по доаѓањето на власт во мај, го запре прифаќањето на авганистанските граѓани на кои претходната влада им вети азил.

Новата влада сака да ја намали нерегуларната миграција

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт (Христијанско-социјална унија CSU) изјави дека не е подготвен да ги прифати овие бегалци поради недоволни безбедносни проверки на членовите на семејствата.

Претставниците на социјалдемократите, помлад коалициски партнер во демохристијанската влада на Фридрих Мерц, инсистираат на прифаќање на оваа група Авганистанци, тврдејќи дека Германија мора да го исполни своето ветување. Откако дојде на власт, демохристијанско-социјалдемократската влада го наведе драстичното намалување на нерегуларната миграција како една од своите примарни цели.