Во јуни 2022 година, германската влада вети дека ќе има целосна борбена бригада подготвена да ја брани Литванија во случај на напад, како одговор на руската инвазија на Украина.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека можат трајно да стационираат околу 4.000 војници во Литванија за зајакнување на источното крило на НАТО,.
„Германија е подготвена трајно да распореди солидна бригада во Литванија. Сепак, треба да се создадат потребната инфраструктура и капацитети за обука“, рече Писториус.
Тој нагласи дека е важно постојаното распоредување да биде компатибилно со регионалните и оперативните планови на НАТО на кои во моментов се работи.
„Како земја-членка на НАТО и најголема европска економија, ја прифаќаме нашата одговорност и обврска да застанеме за заштита на источното крило“, рече Писториус.
Од 2017 година, германската армија распореди околу 800 војници во Литванија, која граничи со Русија и Белорусија.
Во јуни 2022 година, германската влада вети дека ќе има целосна борбена бригада подготвена да ја брани Литванија во случај на напад, како одговор на руската инвазија на Украина.