Германскиот синџир на аптеки Росман ќе се шири на Балканот со влегување на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија
Германскиот синџир на аптеки Росман планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија, пишува германскиот Wirtschaftsforum.
Компанијата Росман неодамна објави рекорден раст на продажбата од 12,15 милијарди евра минатата година. Најавуваат и дека нивниот асортиман наскоро ќе биде достапен во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Италија. Преку партнерство и франшиза, тие од неодамна се присутни и во Азербејџан.
Росман е најстариот синџир на аптеки во Европа. Првата фабрика е отворена во Германија во 1972 година, а денес работат на повеќе од 4.500 локации низ Европа и вработуваат 60.000 работници. Компанијата Росман пред неколку недели објави дека на данскиот пазар влегува без продавници за малопродажба. Росман ќе го води целиот свој бизнис преку онлајн тргување.