Ги рашири нозете и на сите им покажа дека не носи гаќи: Храбрата манекенка дојде на ревијата без гаќички и во ,ризичен” фустан! (фото)
Манекенката Џој Кориган е позната по провокативните, секси изданија, а не и е проблем да ги носи во различни прилики – од црвениот тепих до луди забави. Таа неодамна се појави и на Неделата на костими за капење во Мајами – ревиите ги следеше од првиот ред и тоа во прилично оскудна, смела комбинација.
Оваа 28-годишна девојка на јавноста и’ е најпозната како модел на Викторија Сикрет, но и поранешен модел на Плејбој, а со задоволство ги покажува своите атрибути и фигура. Нејзиниот моден стил е под знак прашалник, иако Џој може лесно да ги носи повеќето комбинации поради нејзината висока и витка линија. Таа, сепак, инсистира тоа секогаш да биде провокативно, а со тоа прави и модни грешки.
Мис Кориган на ревијата се појави во сив долг фустан со длабоко деколте и огромни шлицови од двете страни, откривајќи ги нејзините долги, извајани нозе.
Џој очигледно сакала да ја следи темата на ревијата, па избрала модел на фустан на плажа, а го усогласила со уште еден практичен додаток за одење на пливање и сончање – широка лента за глава со впечатлив принт. Аутфитот го комплетираше со сребрени сандали со платформа, кои секако не беа најсреќното решение.
Таа реши да ја зачини целата комбинација со тоа што очигледно не облече гаќички под оваа креација, а тоа јасно го покажа во ласциозни пози додека фотографите ревносно го снимаа нејзиното заводливо позирање.