Глетка од хорор: Еве како би изгледало ако ве проголта ајкула

Гледачите биле хипнотизирани и преплашени од снимката која прикажува внатрешност на ајкула откако предаторот проголтал камера.

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа внатрешноста на ајкула? Па, сега можете да видите како изгледа тоа, откако една тигреста ајкула изела камера на еден нуркач.

Заштитникот на природата и режисер Зими Да Кид минатата година бил на Малдиви каде снимал документарец, кога го привлекол вниманието на една љубопитна тигреста ајкула, која очигледно била заинтересирана за неговата камера.

Неверојатно и покрај тоа што предаторот ја изел, камерата преживеала, пружајќи глетка во устата на ајкулата, вклучувајќи ги и нејзините жабри и заби.

Снимката е направена на Фувахмулаху, јужно од Малдивите, каде популацијата на тигрести ајкули е голема. „Ја ставив својата „Insta360“ на тег, а потоа ја ставив на песок и ајкулата беше љубопитна“, рекол Зими.

„Ја виде и помисли „ајде да пробам“ и тогаш ја гризна камерата“, продолжил тој.

И покрај застрашувачкото искушение, режисерот рекол дека сака да ја промени негативната перцепција која луѓето често ја имаат за предаторите, објаснувајќи: „Кога ајкулите гризат луѓе, тоа не е затоа што сакаат да не изедат, тоа затоа што гледаат нешто што ги интересира и само гризат. Но обично никогаш не јадат човек бидејќи не им се допаднал“.

„Почнав да ги снимам ајкулите бидејќи тие исчезнуваат со многу, многу голема брзина, што ќе биде лошо за океанот“, објаснува тој. „Ако исчезнат ајкулите, целиот екосистем на океанот ќе се распадне. Ако се распадне океанот, и ние ќе се распаднеме со него“, заклучил тој.