ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА ДАНИ АЛВЕШ – За поранешната ѕвезда на Барселона се бара “максимална казна“ затвор од 12 години

0

Адвокатите на жената која го обвини Дани Алвеш за сексуална злоупотреба побараа максимална казна од 12 години затвор за славниот бразилски фудбалер.

Дани Алвеш ќе се соочи со судење за наводно силување на жена во ноќен клуб во Барселона на 30. декември. Истражниот судија во август му поднесе обвинение, а судот тогаш изјави дека има доволно докази за судењето кое се очекува следната година. Поранешниот дефанзивец на Барселона ги негираше обвинувањата и од јануари е во притвор.

Обвинителите исто така побараа Дани Алвеш да и плати отштета од 150.000 евра на жртвата и да му биде забрането да има контакт со неа во следните десет години. Тие исто така сакаат Дани Алвеш да остане под надзор една деценија по отслужувањето на затворската казна.

Сите барања за кауција на Дани Алвеш беа одбиени бидејќи судот сметаше дека постои ризик од негово бегство.

Дани Алвеш освои 42 титули во текот на својата кариера, вклучувајќи три Лига на шампиони со Барселона и две Копа Америка со Бразил