„Го посетив најлошиот затвор на светот и уште се тресам од тоа што го видов“ – Влезе во гнездото на најголемите криминалци, а на почетокот беше предупреден за ова (фото/видео)

Ел Салвадор, некогаш познат како едно од најопасните места во светот поради преполнувањето со банди и организиран криминал, доживеа драстични промени откако претседателот Наџиб Букеле дојде на власт во 2019 година.

Неговиот строг пристап кон криминалот резултираше со апсење на над 83.100 лица обвинети за припадност на банди.

profimedia0758718642.jpg

Новинарот на Си-Ен-Ен, Дејвид Калвер, доби можност да го посети Цекот, центар за притвор за терористи што се смета за еден од најтешките затвори во земјата. Овој затвор, отворен во јануари 2023 година, се наоѓа во изолирана планинска област и има капацитет од 40.000 места.

Животот зад ѕидовите на Цекот

Калвер ја опишува атмосферата во затворот како „напната и непријатна“, откако се соочи со десетици затвореници кои тивко го гледаат.

Повеќето од нив се озлогласени криминалци со бројни тетоважи, познати како „најлоши од најлошите“.

-Тука се психопати, терористи, убијци кои ја држат нашата земја затворена. Не ги гледајте во очи – предупреди новинатот кој одбил да биде именуван, пренесува Ladbible.

Условите во Цекот се основни – затворениците спијат на кревети без душеци, се капат во заеднички купатола, а светлата се оставени 24 часа на ден, што го отежнува спиењето. Калвер додава:

„Официјалните лица тврдат дека удобност не може да постои овде.”

salvadorzatvor0758718589830x0.jpg

Помеѓу трите бетонски ѕида нема ништо друго, освен два мијалници за перење и два тоалета кои се користат на очигледен поглед. И нема што друго да се прави освен да се гледа како минува времето.

На затворениците им е дозволено да ги напуштаат ќелиите 30 минути дневно за да вежбаат – користејќи ја само сопствената телесна тежина – во централниот коридор на блок 3.

Еден од најшокантните моменти на извештајот беше гледањето во ќелиите во самицата – целосно темни простории со мал отвор како единствен извор на светлина. Затворениците можат да поминат до 15 дена во овие ќелии.

Контроверзи и критики

Иако строгиот затворски режим значително го намали нивото на криминал во Ел Салвадор, критичарите изразуваат загриженост за можни прекршувања на човековите права и случаи на погрешни пресуди. На пример, приказната за 26-годишниот тракторист Хозе Дувал Мата, кој помина две години во затвор под обвинение за „незаконска соработка“ и покрај судскиот налог за негово ослободување, стана симбол на овие проблеми.

Администрацијата на Букеле признава дека имало неоправдани апсења, со околу 7.000 ослободени. Сепак, Владата смета дека овие грешки се „колатерална штета“ во борбата против криминалот.

И покрај критиките и загриженоста, Букеле останува исклучително популарен меѓу граѓаните на Ел Салвадор, како што беше потврдено од неговата убедлива реизборна победа во февруари.