Го средувале дворот од куќата и наишле на нешто неверојатно! Не можеа да им веруваат на очите

Кетрин Милбурн и нејзиниот сопруг Лиам од Саутвик, Англија, откриле засолниште од Втората светска војна во нивниот двор.

Три години откако се вселиле, Кетрин Милбурн и нејзиниот сопруг Лиам решиле да го средат дворот, не знаејќи што ќе откријат.  Кога го откриле старото засолниште не можеле да поверуваат што гледаат.

 – Средивме 60 отсто од градината, но ништо не најдовме. Потоа решивме да ја отстраниме бетонската плоча под бараката и ги изложивме челичните шипки. Тоа ни изгледаше сомнително, бидејќи е премногу за обична соба – објаснила 32-годишната жена.

Парот продолжил да копа и наишол на лимена чинија, па сфатиле дека нешто необично се „крие“ во земјата.

Кога ги ископале бетонските скали и потонатиот премин, сфатиле што имаат пред себе. Тоа беше засолниште од Втората светска војна, популарно наречено „Андерсоновиот бункер“!

Подземната зграда беше дизајнирана да ги заштити граѓаните во случај на бомбардирање. Овие засолништа главно биле изградени на длабочина од еден метар во дворовите на семејните куќи и можеле да заштитат до шест лица од шрапнели, па дури и од експлозија на бомба.

Сопствениците се воодушевени што имаат парче историја во својот двор и планираат да го зачуваат. Прво ќе ја испумпаат водата, ќе го исчистат бункерот и ќе внесат светлина.

 – Дефинитивно ќе го документираме секој детал. Нашите деца се возбудени, а нивното училиште сака да патува до нашето место. Ќе имаат можност да научат нешто од историјата – изјавила Кетрин, пренесува NewYorkPost.