Груевски го обвинува Мицкоски дека соработувал со Заев

0

По низа обвинувања преку Фејсбук, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски синоќа со нова порака за Мицкоски преку социјалните мрежи. Тој го обвини за тајна соработка со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

„И молкот за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се основите, целите, моралната димензија, ставовите и националната идеологија на новиот сојуз со Заев.
Па нели ни беше заеднички политички противник, тој беше главниот „џелат“ на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше власт што смени име, устав, националност, идентитет, историја…со договорот со Грција не уапсија пратениците да ги уценуваме дека гласаат“, обвинува Груевски.

Тој нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ до пред година-две тврдеше дека Заев е најкорумпираниот политичар, предавникот.

„Гледам дека сега се плашат да го спомнат неговото име. Дали сега треба да бидеме политички сојузници со него? Дали е тоа уцена? Што се случи?“, напиша Груевски.