Гувернерот на Мериленд прогласи вонредна состојба по уривањето на мостот

 Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава по уривањето на големиот мост во Балтимор.

Во објава на платформата „Икс“, Мур напиша дека неговата канцеларија е во близок контакт со американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџиг, градоначалникот на Балтимор, извршната власт на округот и службите за итни случаи.

Тие работат заедно преку тимови за да можат брзо да побараат помош од американската Влада, напиша тој.

Товарен брод синоќа удри во мостот Френсис Скот Ки со четири ленти во пристаништето на метрополата Балтимор на источниот брег, предизвикувајќи негово уривање.