Давид (17) и Нина (15) се двете деца кои починаа на Водици! Еве кои се тинејџерите кое се задушиле во автомобил во Рашка (фото)
Давид (17) и Нина (15) починаа во ноќта меѓу саботата и неделата во Рашка, а нивните тела биле пронајдени во автомобил во гаражата. Тинејџерите се задушиле во автомобил Фолксваген Поло, а нивните тела биле пронајдени околу три часа по полноќ.
– Нивните семејства не се познаваат, а тинејџерите наводно биле во врска, а полицијата за сè била информирана од здравствениот дом во Рашка, со тоа што можеле да констатираат само смрт на двете деца – вели изворот на српскиот портал Курир.
Ужалените семејства на малолетни лица засекогаш ќе се простат од своите најблиски и утре ќе ги испратат во вечниот одмор.
– Погребот и на момчето и на девојчето ќе се изврши утре, 20 јануари, на различни гробишта, со оглед на тоа што тинејџерите се од различни места. Неутешните семејства веќе имаат објавено умреници, не можам ни да замислам како им е, децата им загинаа на големиот празник, Водици, тага – соговорникот.
Да потсетиме, телата на тинејџерите беа пронајдени во автомобил Фолксваген Поло околу три часа по полноќ. Од болницата во Рашка била известена полицијата, а бидејќи можела само да констатира смрт, обвинителството веднаш наредило да се изврши обдукција, по што ќе се знаат повеќе информации, додавајќи дека според неофицијални информации, станува збор за труење со гасови.