Дали користел дрога? Ова е психијатарот кој покоси десетици луѓе во Магдебург: Тој уби четворица во терористички напад во Германија! (ФОТО/ВИДЕО)
Талеб А. (50) , осомничен за терористички напад во Магдебург, Германија , кога со својот автомобил влетал во посетителите на божиќниот пазар и уби четири лица, наводно бил под дејство на дрога, покажале првите резултати од тестот, пренесува Билд.
Станува збор за тест кој полицијата го користи како прв чекор за откривање на можна употреба на дрога кај криминалци или пијани возачи. Стап се користи за да се земе плунка од осомничените и да се капе на тест лента. Различните бои потоа им покажуваат на полицајците за која дрога се работи.
Овој тест може да открие конзумирање до седум видови дроги,
вклучувајќи канабис, опијати, кокаин, амфетамини, метамфетамини (MDMA, екстази), бензодиазепини.
Да потсетиме, Талеб, кој
по професија е психијатар потекнува од Саудиска Арабија, уби најмалку четири лица, вклучително и едно дете, кога удри во посетители на саемот со црно БМВ во петокот вечерта.
Тој, наводно, возел 400 метри внатре во саемот пред да биде уапсен.
Полицијата се уште не го соопштува мотивот за злосторството, додека Билд пишува дека се повредени над 200 лица.