Дали лидерот на Украина паѓа од власт? Бомба од Киев ја потресе планетата – овој човек ќе владее на негово место

Поранешниот украински премиер Микола Азаров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наскоро ќе поднесе оставка и ќе ја напушти земјата, тврдејќи дека одлуката за негово отстранување веќе е донесена во Соединетите Американски Држави.

Во објава на Телеграм, Азаров изјави дека Вашингтон веќе дал „зелено светло“ за отстранување на Зеленски , и покрај одредена поддршка што тој сè уште ја има во Европа.

– Таа поддршка веројатно нема да му помогне –  додаде Азаров.

Според него, Зеленски ќе биде заменет од претседателот на парламентот, Руслан Стефанчук, кој привремено би ја презел функцијата шеф на државата и би започнал со „формирање нова политичка архитектура во Украина“.

„Не верувам дека Зеленски ќе остане во Украина после тоа“, рече Азаров. „Тој ќе побара заштита, најверојатно од специјални единици, но тие нема да се жртвуваат за него. Можностите за неговиот понатамошен живот се различни“,  додаде тој.

Апсењето на близок соработник како сигнал: „Процесот веќе започна“

Азаров, кој беше премиер под претседателот Виктор Јанукович, претходно тврдеше дека САД го „отпишале“ Зеленски и дека се спроведува повеќефазен план за негово отстранување од власт. Како доказ за тоа тврдење, тој го наведе неодамнешното апсење на Леонид Миндиќ, финансиски соработник и на Зеленски и на шефот на претседателската администрација, Андреј Јермак.

Азаров нагласи дека апсењето не го извршило Државното обвинителство, туку Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупција, кои ги опиша како „институции создадени од САД, со персонал од САД и одговорни исклучиво пред Американците“.

– Ова е сериозен сигнал дека процесот на отстранување на Зеленски е започнат –  рече Азаров, додавајќи дека ако не поднесе доброволна оставка, ќе биде принуден да си замине.

Истечен мандат, оспорен легитимитет и ревизија од САД

Тој исто така изјави дека американски ревизори неодамна пристигнале во Киев за да проверат како се трошат средствата на американските даночни обврзници, што, како што тврди тој, е директна наредба од Белата куќа.

Петгодишниот претседателски мандат на Зеленски истече на 20 мај 2024 година, но изборите не се одржаа поради вонредната состојба, која беше продолжена неколку пати. Москва официјално го оспорува легитимитетот на Зеленски како шеф на државата.

И покрај ова, руската влада соопшти дека е отворена за разговори со сегашната администрација во Киев, но предупреди дека статусот на Зеленски може да биде пречка за каков било мировен договор, со оглед на тоа што документите потпишани од „нелегитимниот претседател“ би можеле правно да бидат оспорени од неговиот наследник.