Данецот Кисум нов ракометар на Еурофарм Пелистер

0

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со искусниот 30-годишен дански ракометар Каспер Кисум, соопшти попладнево битолскиот клуб.

Кисум, кој игра на позицијата лев бек, доаѓа во Битола од редовите на данскиот прволигаш Сондерјуске, а во кариерата претходно настапуваше за Рингештед, Нордсјаленд, Флензбург, Битенфелд, Хановер и Тулуз.

Новото данско засилување во текот на идната недела ќе му се стави на располагање на тимот и тренерот Ларс Валтер.

Кисум е втор дански ракометар во редовите на Еурофарм Пелистер, чиј дрес сезонава го носи и неговиот сонародник Себастијан Хенеберг.