ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ НЕ МОЖЕЛЕ ДА ЈА срушат ОВАА ЗГРАДА ВО ТУРЦИЈА! Околу неа има купишта шут и бетон, но таа е НЕДОПРЕНА! Еве на кого му припаѓа (ВИДЕО)

0

Кахраманмарас, град во јужна Турција беше еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделникот, 6 февруари, во раните утрински часови.

Градот се стресе двапати, првиот кога земјотресот беше со јачина од 7,8 степени и вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Тоа беше доволно голем број на висококатници буквално да се урнат како кула од карти, понесувајќи илјадници луѓе со себе во смрт.

Неколку дена по земјотресот, на Твитер се појави фотографија, а потоа се појави и на Редит, на која се гледа зграда која е буквално недопрена, дури не е ни испукана или оштетена додека била опкружена со разурнувања. Сцената е надреална како да е апокалипса.

Тоа беше доволно за да го привлече вниманието на Мхир Уктраш, кој сподели две слики од зградата како стои цврсто, ниту два силни земјотреси не можеа да направат ништо, туку сè околу неа беше срушено и претворено во куп шут и бетон.

Се наметна прашањето, кому му припаѓа оваа зграда?! Набрзо следеше одговорот:

„На сликата е зграда на регионалната на Комората на градежни инженери Кахраманмараш. Не се потребни повеќе зборови. Науката и инженерството се доволни за да се изградат објекти кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Се додека науката и технологијата се применуваат за доброто на народот!“, напиша Улташ на Твитер.

Инаку, таа слика беше и повод да се почне полемика како и зошто се урнаа зградите, а оваа остана недопрена.

Еден од твитерџиите му реплицираше на Улташ со коментар:

„Секако дека е цврста, но најголемата причина зошто не се сруши е што има 2 ката, добро го знам Мараш, пола град беше нива на меко тло, секогаш градеа згради со 9-10 ката, но западната страна на градот има потврдо тло, така што уништувањето беше помало“.

Тој исто така додаде дека се надева оти во иднина ќе се градат згради на соодветно земјиште и дека со зонирањето што го даваат градските власти за градба во иднина ќе се избегне поделба на мекото земјиште и негово претворање во градежни зони кои се 9-10 пати поевтини.

Улташ одговори дека е во право и додаде:

„Од друга страна, колку ката ќе се градат на кој терен, каде ќе се градат, како ќе се планираат градовите се областите на науката и урбанистичкото планирање/инженерство“, напиша тој.