Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, возилата беа пренасочувани

0

Тетовската полиција информира дека поради сообраќајка имало пренасочување на возилата кои попладнево се движеа по автопатот Тетово-Гостивар. Во судир на две возила повредени се две лица.

Околу 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Гостивар, на потегот од клучката Камењане до наплатната станица Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила ‘Опел-астра’ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 52-годишниот гостиварец Ф.Е. и ‘Мерцедес’ со скопски ознаки што го управувала 38-годишната М.С од Скопје. Во несреќата, две лица-сопатници од ‘Астрата’ се здобиле со повреди и веднаш се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР-Тетово.

На местото  увид извршила екипа од СВР Тетово, а поради судирот сообраќајот на овој потег бил во прекин до 16 часот и 15 минути и се пренасочуваше по други околни патишта.