Родителите обожаваат да забележуваат пресвртници во животот на нивните деца: кога ќе почнат да лазат, да одат, да зборуваат и слично. Сепак, понекогаш не излегува секогаш онака како што тие сакаат. Но, Аманда успеа да долови една таква пресвртница – го сними моментот кога нејзиниот 14-месечен син Деклан заоде.
Во клип на TikTok, гледаме мало дете кое започнува да оди, а потоа да танцува штом ја слушна песната Blinding Light од The Weeknd.
Многумина беа воодушевени од танцовите потези на Деклан, а видеото набрзо стана вирално и собра 33 милиони прегледи и 6,6 милиони лајкови.
„Ова е толку трогателно. Детето е толку слатко“, „Најдоброто нешто што сум го видел“ и „Деклан е толку смешен“ беа само некои од коментарите.