Легендарниот белгиски фудбалер Кевин Де Брујн е на прагот на шокантен трансфер откако се раздели со Манчестер Сити, бидејќи е се поизвесно дека ќе го носи дресот на новиот шампион на Италија, Наполи.
По објавата за неговото заминување од Сити, сите го гледаа Де Брујн во Саудиска Арабија или Америка, најчесто надвор од Европа, но потоа одеднаш се појави понуда од Наполи, која веројатно ќе ја прифати.
Ова дури денес го објави и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој исто така откри дека Де Брујне веќе купил убава куќа во Неапол.
„Мислам дека Де Брујн навистина ќе ни се придружи сега. Ми кажаа дека веќе купил убава куќа тука во Неапол. Разговарав со него, со неговата сопруга и децата утрово. Беше убаво да ги видам, тоа е неверојатно трио“, рече Де Лаурентис.
„Дали договорот е склучен? Додека не се потпише договорот, мора да бидеме внимателни. Ние сме сериозни луѓе тука во Наполи“, додаде Де Лаурентис.
Потсетуваме дека претходно самиот Де Брујн изјави дека неговиот план на крајот од кариерата бил да оди во Саудиска Арабија, бидејќи таму може да заработи многу пари, а се чини дека сега донел одлука да дојде на сиромашниот југ од Италија.
Де Брујн веќе го одигра својот последен натпревар за Манчестер Сити, откако влезе од клупата во победата на „Граѓаните“ од 2-0 на гости против Фулам вчера.
Претходно, на „Етихад“, тој се збогуваше величествено со навивачите на Сити, за кои навиваше во последните десет години, во кои одигра 422 натпревари, постигна 108 гола и имаше 177 асистенции.
Со „Граѓаните“ освои шест титули во англискиот шампионат и една титула во Лигата на шампионите.