ДЗС: Во 2022/2023 запишани 4,2 отсто повеќе студенти во споредба со претходната академска година

0

На високите стручни школи и на факултетите во државава во академската 2022/2023 година се запишале  53 821 студент, што е зголемување за 4,2 отсто во однос на академската 2021/2022 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Според податоците на ДЗС добиени врз основа на пристигнатите извештаи, 57,5 проценти од вкупниот број запишани на додипломски студии се студентки.

Најголем број студенти (77,7 отсто) се запишале на државните високообразовни установи, додека 22,3 отсто се запишале на приватните високообразовни установи.

-На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 15 097 студенти или 28,1 отсто – тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати, наведува ДЗС во објавата.