Димитриевски: Нудам излез од црно-сивиот свет

Доста е од црно-сивиот избор на политичката сцена во Македонија! Време е за обединување во еден граѓански концепт,порача од Гевгелија кандидатот за Претседател од Движење ЗНАМ Максим Димитриевски .Тој вели дека ќе ги обедини сите граѓани и ќе донесе светла иднина. денеска Димитриевски ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“ во Охридско-струшкиот регион.

„Мојата цел, нашата цел е овие најмладите да си ги имаме тука во Македонија. Целта на нивните привезок коалиции, предводени од ДУИ е да владеат и да ги полнат торбите со народното, државното. Затоа ние од ЗНАМ, заедно со вас тука, со граѓаните од цела Македонија, со оние што седат по кафулињата, но и со оние што не ни дозволија да влеземе во центарот на градот со автобусот да дојдеме во центарот на градот, ќе победиме. Заедно“