Договорот е постигнат, прекинот на огнот Израел-Хамас се продолжува за уште еден ден

0

Привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас е продолжен за уште еден ден – седми – соопштија израелските одбранбени сили во четвртокот наутро, неколку минути пред да истече договорот.

Ова е второ продолжување на првичниот четиридневен прекин на огнот кој започна во петокот, пренесува Телеграф.

Прекинот на огнот резултираше со враќање на 70 Израелци според договорот.

За време на паузата, три израелски државјани со двојно државјанство и дваесет и четири странски државјани, исто така, беа ослободени надвор од договорот.

Во замена, 210 Палестинци се ослободени од израелските затвори, соопштија официјални лица.

Во меѓувреме, Израел ќе го продолжи примирјето за секој ден кога Хамас продолжува да ослободува 10 заложници „живи“, повтори во четвртокот висок израелски функционер.

Марк Регев, висок советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави за Си-Ен-Ен дека позицијата на Израел за секое продолжување на хуманитарната пауза во борбите е „кристално јасна“.

Секој ден договаравме продолжување за ослободување на 10 заложници, 10 живи заложници, нагласи Регев. „Ако Хамас продолжи да ослободува заложници, по 10 дневно, ќе ја продолжиме паузата.

На прашањето дали борбите ќе продолжат во следните 24 часа, Регев додаде дека „доколку Хамас не ги исполни условите од продолжувањето, а тоа е ослободување на 10 Израелци, тогаш секако дека борбите може да продолжат“.

Во Газа се уште има најмалку 140 заложници, додаде Регев.