„ДОГОВОРОТ НЕМА ДА БИДЕ ЛЕСЕН“ Амбасадорот Хил и постави ултиматум на Приштина: Ова мора да се направи!

0

Хил нагласи дека формирањето на Заедницата на српските општини е законска обврска на Приштина.

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил , вечерва изјави дека е „многу задоволен од тоа како Србија се справува“ со француско-германскиот план за Косово и дека формирањето на Заедницата на српските општини е законска обврска на Приштина и дека тоа „мора да се направи“.

Хил за ТВ Пинк изјави дека САД го гледаат планот како „основа на договор кој се заснова на многу давање и земање“ и оцени дека „никому нема да му биде лесно“.

На прашањето што значи нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, Хил одговори „тоа е да се постигне нормална ситуација“  и оцени дека „засега тоа е повеќе процес чекор по чекор“.

– Сакаме да ги вратиме луѓето во институциите, Србите да се вратат во институциите, да постигнеме одредено ниво на нормалност – рече тој.