Доделени 250 стипендии на најуспешните спортисти од општина Бутел

По повод 20 години општина Бутел доделивме рекордни 250 спортски стипендии на нашите спортисти! Низ една максимално транспаретна процедура со објавен јавен повик врз база на правилник доделивме 250 спортски стипендии на најуспешните спортисти од Општина Бутел.

Ова преку социјалните мрежи го сподели градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Тој исто така додаде дека искрено се надева дека некои од денешните стипендисти ќе ги повторат успесите на Дејан, Елмас, Шабан.

Настанот опфати шест категории на спортски стипендисти и тоа:

1 категорија 12.000 месечно;

2 категорија 8.000 месечно;

3 категорија 5.000 месечно;

4 категорија 24.000 еднократно;

5 категорија 10.000 еднократно;

6 категорија 6.000 еднократно.

Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

„Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси и во спортската инфраструктура. Јас како градоначалник и општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина“, истакна Костовски.