Дознајте што правела студентката Азра само 4 дена пред убиството на Ранко Ескобар: Еве што барала таа пред бруталната егзекуција (ФОТО)

0

Осомничениот Азра Ш. (21) која во вторникот во Сараево беше уапсена, откако претходно беше распишана меѓународна потерница, под сомнение дека учествувала во бруталната ликвидација на Ранко Радошевиќ (54), познат како Ранко Ескобар, само четири дена пред делото јавно барала стан во Белград.

Ранко Ескобар бил брутално убиен на бензинска пумпа кога, како редовен гостин дошол во кафеаната и седнал да ги чека наводните купувачи на автомобили.

Но, лажните купувачи, поточно осомничените Стефан З.(28) од Лебан и Лука В.(26) од Краљево, маскирани со качулки на главата и хируршки маски на лицето, упаднале во зградата, извадиле пиштоли и испукале куршуми кон Радошевиќ.

Со брзата и ефикасна акција на МВР на Србија, набрзо беа лишени од слобода сите осомничени за оваа ликвидација, а меѓу уапсените имаше и малолетничка (17) која ја имаше својата улога во оваа ликвидација, како и студент кој беше уапсен.

Ако се суди по социјалните мрежи, осомничената Азра Ш. на 5 март на Фејсбук страница барала стан со одредени услови и цена која наводно најмногу ќе ѝ одговара.

– Добро попладне на сите, дали некој издава стан со посебна спална? Пожелна цена би била до 400 евра – напишала Азра Ш.

Како што претходно пишиваа балканските портали, се проверува дали студентката Азра, која беше уапсена во вторникот во населбата Бјелаве, заедно со нејзиното момче Марко Пјановиќ, водачот на навивачите на Партизан во Брчко, кој синоќа беше лишен од слобода во Бјелина, го намамиле Радошевиќ, да дојде на бензиската пумпа под изговор да му продадат автомобил.

Ранко Радошевиќ, кој беше убиен минатиот четврток пред многу очевидци, е идентификуван како водач на кланот Никшиќ, но и како близок соработник на починатиот поглавар на кланот Шкалјараќ, Јован Вукотиќ, кој исто така беше брутално ликвидиран на 8 септември минатата година во Истанбул пред неговата бремена сопруга Маша М. и детето.

Во понеделникот повеќе од 500 луѓе го придружуваа Радошевиќ до неговиот вечен одмор на гробиштата во Орловача.