Докторката тврди дека 5 години била во рајот! Жена доживеала клиничка смрт, а нејзиното искуство било невообичаено: Бев во поле со цвеќиња! (ВИДЕО)

Докторката Линда Крамер, која доживеала клиничка смрт 14 минути, го сподели своето искуство и меѓу другото рече дека имала впечаток дека тоа време траело пет години.

Крамер се упатувала кон тоалетот пред да „почине“ во раните утрински часови на 6 мај 2001 година. Сепак, таа тврди дека нејзиното патување не завршило тука и дека отишла во рајот неколку моменти подоцна додека болничарите се обидувале да ја спасат, пишува Мирор.

Кога била реанимирана, таа раскажала сè што видела за време на искуството кое изгледало дека траело пет години.

Во интервју за NDE Diary на каналот на Јутјуб, Крамер тврди дека лебдела над лекарите кои ја лекувале пред да доживее задгробен живот.

Таа зборуваше и за неколку неверојатни глетки што ги видела, а кои не може да се споредат со ништо на земјата.

„Кога се најдов во полето со цвеќиња, видов планински венец 30.000 метри поголем од Монт Еверест“, рече таа.

,Видов и облакодери. Оние во Дубаи изгледаат како минијатурни колиби во споредба со нив. Видов езера, можев да видам сè со панорамски поглед. Бев во контакт со луѓе, разговарав со нив”, додаде таа.

Дневникот на NDE пишува:

„Некои луѓе велат дека таквото искуство е сон или халуцинација на мозок што умира и дека луѓето ги немаат истите халуцинации“.

Додека луѓето пријавуваат дека доживеале низа искуства, некои позитивни, а некои негативни, заедничките карактеристики на сите нив со истражувањето на NDE, вклучуваат визии за починати роднини и религиозни личности, како и искуства надвор од телото.