ДОЛГОГOДИШЕН ПРОФЕСОР УБИ ТРОЈЦА КОЛЕГИ: Имал список, а пред масакрот ИСПРАТИ 22 писма

0

Се верува дека мотивот е од финансиска природа.

Ентони Полито, 67-годишниот напаѓач кој уби тројца професори од колеџ и рани четврти на Универзитетот во Невада, Лас Вегас, имал список на цели и повеќе од 150 куршуми, соопшти полицијата.

Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, рече дека Полито, кој беше убиен во престрелка со полицијата , бил долгогодишен професор по бизнис кој живеел во блискиот Хендерсон, Невада, објави агенцијата.

Ранетиот 38-годишен визитинг професор беше хоспитализиран во четвртокот и повеќе не е во критична, но опасна по живот состојба, рече Мекмахил.

Шерифот на прес-конференција рече дека иследниците сè уште го истражуваат мотивот за нападот , но истакна дека Полито аплицирал за неколку работни места на различни колеџи и универзитети во Невада и секој пат бил одбиен.

Сепак, Универзитетот за медицински науки Роузман во Хендерсон рече дека Полито бил договорен да предава два курса во програмата за бизнис администрација од октомври 2018 до јуни 2022 година и потоа не предавал во институцијата.

Мекмахил рече дека целите на листата на Полито вклучуваат членови на факултет на Универзитетот во Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито беше професор на бизнис школата на универзитетот од 2001 до 2017 година.

 Ниту еден од луѓето на целната листа не стана жртва – рече Мекмахил.

Пред пукањето, Полито испратил и 22 писма до универзитетски професори низ САД , според снимките прегледани од детективите од камерата на автомобилот на Полито, рече Мекмахил.

Полито го изврши нападот во средата со пиштол од девет милиметри што го купи легално минатата година, рече Мекмахил.

Властите во четвртокот рекоа дека Полито се чини дека има финансиски тешкотии.