Доналд Трамп најави 100% царина на странски филмови

Претседателот на Соединетите Американски Држави, 
Доналд Трамп, планира да воведе 100% царина на сите филмови произведени надвор од Америка.

Тој не прецизираше кога мерката би можела да стапи на сила или како ќе се спроведува, но нагласи дека тоа ќе биде прв пат Вашингтон да воведе царина за услуга, а не за суровина.

Трамп ги упати првите закани за можен данок уште во мај, наведувајќи дека многу држави нудат даночни олеснувања за привлекување филмски продуценти и режисери од надвор од САД. Овој пат, тој конкретно ја спомена Калифорнија, за која рече дека е „особено силно погодена“ од таквата конкуренција.