Дон Карло е шмекер! Анчелоти покрај себе има убава сопруга, а ја освои со неколку зборови на италијански! (фото)

Карло Анчелоти ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, петти пат во кариерата, а по мечот летна во прегратките на сопругата.

Карло својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, а сегашната сопруга Маријан Берена МекКлеј ја освои на крајно необичен начин.

Анчелоти во 2011 година беше тренер на Челзи, а во еден познат ресторан во Лондон ја виде жената од соништата.

Карло Анчелоти, Маријан Барена МекКлеј

Маријан во тој момент седеше на масата со избраникот, а на Карл не му пречеше што се приближи до масата и и’ рече неколку зборови на италијански.

– Ќе ми бидеш жена – ѝ шепна тој.

Нејзиниот избраник тогаш не разбираше италијански, но таа го разбираше, а таа му одговори: „Следниот пат кога ќе ме видите, ќе носам бурма.”

Таа сакаше да му даде до знаење на Анчелоти дека нејзината врска во тоа време е сериозна, но …

Оваа приказна не му дала мир на Карло, тој прашал која е госпоѓата и се покажало дека имаат заеднички познаник.

Анчелоти не се откажа, парот започна врска, а се венчаа во Ванкувер во 2014 година и уживаат една деценија љубов