Авионот со американскиот државен секретар Марко Рубио за Минхен морал да се врати во Вашингтон поради механички проблеми.
Како што јави Ројтерс, Рубио ќе мора да отпатува за Германија, а потоа на Блискиот Исток со друг авион, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот.
Рубио требаше да присуствува на 61-та Минхенска безбедносна конференција (MSC) која започнува денеска и ќе трае до 16 февруари во главниот град на Баварија.
Во хотелот Bayerischer Hof во Минхен, светските лидери, креатори на политики и експерти ќе се соберат за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.