Вистинска драма се случи на натпреварот од Купот на Србија меѓу Мачва и Младост одигран денеска во Шабац.
Фудбалерот на домашниот тим Елајџа Пис колабирал на 15-тина минути пред крајот на натпреварот.
Како што пишува Телеграф, 20-годишниот млад човек влезе во игра во 73. минута, а само две-три минути подоцна падна сам на теренот, по што веднаш му беше укажана лекарска помош.
Потоа бил префрлен во болницата во Шабац, каде било констатирано дека доживеал срцев удар. Веднаш бил префрлен во болницата во Ваљево на подетални прегледи и натамошна хоспитализација.